17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан Меморандум за соработка меѓу Македонија и Бугарија во полето на природен...

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Македонија и Бугарија во полето на природен гас

Навчерашната владина седница е разгледан и усвоен „Меморандумот за соработка во полето на природниот гас“ помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија, за што владата го овласти министерот за економија, да го потпише меморандумот за соработка помеѓу двете земји.

Како што беше оценето оваа соработка ќе овозможи можност за нова директна врска помеѓу двата системи за природен гас на Република Македонија и Република Бугарија.

На седумнаесеттата владина седница беа донесени и заклучоци повразни со организацијата на институционалната прослава на националниот и државен празник 2 Август – Ден на Републиката.

Владата на Република Македонија определи и членови на Организациониот одбор за прослава на државниот празник 8 спетември – Ден на независноста на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП