18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAдминистративните процедури и трошоци ќе се намалуваат

Aдминистративните процедури и трошоци ќе се намалуваат

Владата на Република Македонија на денешната седница разгледа и усвои информација за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход“, проект финансиран од ИПА фондовите, чие спроведување ќе придонесе за олеснет начин на комуникација на Управата за јавни приходи со даночните обврзници и ќе се поедностави начинот на пресметка и наплата на персоналниот данок на доход.

Проектот предвидува и намалување на административните процедури и трошоци, а беше нагласено дека од ваквиот нов пристап се очекува зголемена наплата на персоналниот данок на доход за околу 50 отсто.

Владата на Република Македонија го усвои и Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии.

Со овој предлог за измени и дополнувања на буџетот, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно потребите на буџетските корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП