5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена првата градинка во рурална средина

Отворена првата градинка во рурална средина

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска изврши увид во објектот каде што од септември ќе започне со работа првата градинка во општина Врапчиште.

„Во Врапчиште има 1.347 деца на возраст до 6 години, но опфатот на деца во градинки е нула. И тоа ни се случува во голем дел од нашите рурални општини. Затоа сум среќна што како министер првпат ќе отворам градинка во рурална општина“, изјави министерката Царевска.

Според неа, оваа градинка е проектирана да опфати 80 деца во четири занимални. Групите треба да бидат подготвени за да се организира настава, предучилишно образование на македонски, албански и на турски јазик како добар модел за интеграција. Целата градба и опремување на градинката е партнерство меѓу Министерството и Општина Врапчиште. Сите градежни изведби се платени од Општината, а опремата е од Министерството во висина од 1.985.421,00 денар.

Царовска во оваа пригода најави дека до крајот на оваа година ќе завршат изградбата и опремувањето на тринаесет детски градинки кои ќе опфатат 682 деца, а таквата тенденција ќе продолжи и в година.

„Целта е да обезбедиме рамномерен регионален развој и токму затоа ќе внимаваме и на рурални и на урбани општини, но исто така и на застапеноста во западна, источна, северна Македонија, односно сите региони ќе бидат еднакво покриени и поддржани од Министерството за труд и социјална политика“, најави министерката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП