6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерство за локална самоуправа: Иновативни решенија за подобар пристап до услугите

Министерство за локална самоуправа: Иновативни решенија за подобар пристап до услугите

Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП, ќе работи на создавање услови за зголемување и унапредување на услугите што граѓаните ќе може да ги добијат по електронски пат, како и унапредување на концептот за добивање на услугите на едно место преку развивање функционални центри за услуги во сите општини.

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, на состанокот на Управниот одбор на проектот „Иновативни решенија за подобар пристап до услугите“, истакна дека Министерството за локална самоуправа во рамките на неколку комплементарни проекти ќе работи на зајакнување на капацитетите на општините со цел тие да можат посамостојно и поквалитетно да одговорат на потребите на граѓаните.

„Министерството за локална самоуправа во фокусот ги има граѓаните што во општините обезбедуваат голем број важни услуги. Системот на локалната самоуправа, вклучувајќи ги административните и финансиските ресурси на општините, треба да функционира во согласност со потребите на граѓаните. Затоа Министерството за локална самоуправа ќе работи на обезбедување механизми кои ќе овозможат поефикасно, потранспарентно и поотчетно управување на локално ниво“, рече министерот.

Овој проект Министерството за локална самоуправа го имплементира во соработка со УНДП.

Постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, ја поздрави соработката со Министерството за локална самоуправа и истакна дека овој проект ќе се надополнува со новиот проект за подобрување на локалното управување, финансиран од Европската Унија, кој исто така ќе биде имплементиран од страна на УНДП, што ќе значи значителна поддршка на општините во обезбедувањето на услугите во наредниот период.

Во рамките на овој проект Министерството за локална самоуправа работи и на зајакнување на капацитетите на центрите за развој на планските региони преку поддршка на бизнис-центрите, мрежите за инклузивен развој, како и на воспоставување регионални канцеларии за енергетска ефикасност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП