19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој град ќе биде најпогоден од Брегзит?

Кој град ќе биде најпогоден од Брегзит?

Брегзит најсериозно ќе влијае врз шкотската нафтена престолнина Абердин од сите британски градови. Лондон исто така се вбројува меѓу најпогодените градови, а економската продукција на англиската престолнина во среднорочен план може да забележи пад до 2.6%, според научниците од „London School of Economics“.

Економската продукција на британските градови ќе се намали во просек за 2,3% во случај на „тврд“ Брегзит, при што Велика Британија ќе мора да тргува со ЕУ според правилата и со царините на Светската трговска организација, пишува „Bloomberg“.

Падот во случај на „мек“ Брегзит и договорени нулта царини, но и при засилена гранична контрола и царински проверки, ќе доведе до намалување со 1.2% помалку.

„Секој регион се очекува да биде под негативно влијание, но градовите најверојатно ќе страдаат најмногу“, според авторите на студијата. „Последиците се очекуваат да бидат негативни при „тврд“ Брегзит, бидејќи зголемувањето на трговските трошоци ќе биде поголемо“.

Авторите на студијата предупредуваат дека последиците најверојатно ќе се уште посериозни од очекуваните, бидејќи тоа гледа само на трговските трошоци, а не ги зема во предвид промените во иновациите, странските инвестиции и имиграцијата.

Абердин ќе е сериозно погоден, без разлика од „тврдо“ или „меко“ сценарио при Брегзит, според авторите на студијата, кои предвидуваат дека економската продукција на градот ќе се намали за 3,7 и 2,1% кај двете сценарија.

Лондон ќе биде седмиот најсилно погоден од 62-та разгледани градови при случај на „тврд“ Брегзит. Тоа ќе повлече 2,6% од економската продукција на главниот град.

При сценарио на „мек“ Брегзит Лондон ќе се справи малку подобро, рангирајќи се на 21-то место, со загуба од 1,3% од економската продукција. Кроули и Барнсли ќе се најслабо засегнати градови и кај двете сценарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП