13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПродуктивноста е поголема кај оние кои работат од дома или од канцеларија?

Продуктивноста е поголема кај оние кои работат од дома или од канцеларија?

Што велите за работењето од дома? Овој концепт во последните години е се почеста тема на расправа, а се чини дека има и многу предности…

Имено, новото истражување објавено во магазинот „Harvard Business Review“, а спроведено од страна на двајца професори по економија од Стенфорд универзитетот, се занимаваше токму на ова прашање: Какви предности има работата од дома во однос на онаа од канцеларија?

Во истражувањето учествувале 255 вработени на една кинеска патничка агенција, кои биле поделени во 2 групи. Во текот на 9 месеци, едната група добила дозвола за работа од дома, додека другата група работела од канцеларија. Професорите Николас Блум и Џон Робертс ја бележеле работата на една и другата група во текот на овој период. Условите биле еднакви: работното време траело исто, секоја група имала ист директор итн.

Резултат?

Работниците кои работеле од дома, биле за 13 проценти попродуктивни од оние кои работеле од канцеларија. Тие биле попродуктивни и кога станува збор за работното време во однос од оние кои работеле од канцеларија, а истражувачите тврдат дека тоа било резултат на поголемата тишина во домот. Експериментот бил толку успешен што компанијата им понудила на сите работници да работат од дома.

Но, половина од групата која работела од дома, по некое време се вратила во канцелариите, а 75 проценти од оние кои работеле во канцеларија, останале да работат во канцеларија.

Зошто?

Оние кои работеле од дома се чувствувале осамено.

Што би избрале вие?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП