18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна зделка на пазарот на бизнис имот во Велика Британија

Рекордна зделка на пазарот на бизнис имот во Велика Британија

Производителот на хербални додатоци во исхраната со седиште во Хонг Конг, „LKK Health Products Group Ltd“ го купил облакодерот познат како „Walkie Talkie“, во Лондон од „Land Securities Group plc“ и „Canary Wharf Group plc“ за 1,28 милијарди фунти (1,68 милијарди долари) пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на соопштение на компанијата.

Ова е највисоката цена платена досега за деловна зграда во Велика Британија, дополнува новинската агенција.

Лондон се појави како „жежок“ пазар на недвижности за странски инвеститори од држави надвор од Европската унија (ЕУ), вклучувајќи ги и оние од Хонг Конг и Кина. Тие се засилија по референдумот за „Brexit“ за да ги искористат предностите од слабеењето на британската фунта.

Во мај кинескиот тајкун Чун Чун-Киу купи друг симбол облакодер во британската престолнина – „Ренде за сирење“, кој претходно беше во сопственост на „British Land“ и „Oxford Properties“, за 1,15 милијарди фунти, потсетуваат агенциите.

Зделката за „Walkie Talkie“ се остварува преку подружницата на купувачот „Infinitus Property Investment“.

Компанијата планира да ја задржи зградата како долгорочна инвестиција, поради тоа што бара „разумно враќање“ од приходите од имот и стабилна капитална адекватност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП