Над 2,8 милиони хектари во Европската унија (ЕУ) се површините, одделени на земјоделците за производство на овошје. Уште 2,1 милиони хектари се за производство на зеленчук, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Евростат“.
Во однос на површините водечки производител на овошје во ЕУ е Шпанија со 942.000 хектари или една третина од сите области за одгледување на овошје.
Водечки производител на зеленчук е Италија со 420.000 хектари, што е речиси една петтина од сите површини во ЕУ.
Јаболката се најчестиот плод во заедницата што се однесува до произведените количини. Во 2016-та година се собрани 12,5 милиони тони јаболка, што е речиси 25 килограми по глава на жител во ЕУ годишно.
Доматите се најпопуларните зеленчуци со 18,5 милиони тони или 36 кг на човек од населението во блокот.
Полска е водечки производител на јаболка во ЕУ, покажуваат податоците. Повеќе од една од секои 4 јаболки во Унијата доаѓа од источноевропските земји – а нејзиниот удел во вкупната количина е 28,7%. Следува Италија со 19,6% од вкупниот принос на јаболка во 2016-та година, а трета е Франција со 14,5%.
Полска е и водечки производител на цреши во ЕУ со скоро 30% удел, проследена од Шпанија со 11,9%, Италија со 11,2%, Унгарија со 9,9%, Романија со 8,2% и Грција со 7,9 %.
Шпанија, Италија и Грција се водечките производители на праски во ЕУ, од кои нивните производи сочинуваат над 90% од вкупното за заедницата.
Шпанија е водечки производител на јагоди, а речиси една третина од вкупната продукција во блокот отпаѓа на неа, следена е од Полска со 17,4% и Германија со 12%.
Италија, Шпанија и Португалија се лидерите во производството на домати во ЕУ. Италија и Шпанија сочинуваат две третини од вкупното производство на домати.
Шпанија, Полска и Холандија сочинуваат две третини од производството на краставици во ЕУ, покажуваат податоците.
Производството на моркови не е толку концентрирано. Топ производители се Полска со 14,7%, Велика Британија со 12,9%, Германија со 11,5%, Холандија со 10,7%, Франција со 10,4% и Италија со 9,5%.
Водечки производители на тиквички се Шпанија и Италија со соодветно над 38% удел и над 36% удел од вкупното производство.