Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
На делница Хиподром – Кадино, поради поставување на канделабри, левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од три месеци.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.