19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосово е пред енергетски колапс

Косово е пред енергетски колапс

Косово е на прагот на енергетски колапс бидејќи резервите на јаглен се доволни за само уште две недели.

Косово има повеќе од 14 милијарди тони лигнитен јаглен, што ја вбројува земјата на петто место во светот, но и покрај тоа е принудена да ги користи резервите за да може да ги одржува двете енергетски централи. Причина е што Владата не успеа да ги обезбеди приватните имоти за да добие пристап до наоѓалиштата.

Државната енергетска компанија КЕК е неопходно да придобие 52 хектара приватен имот за да има пристап до наоѓалишта за лигнитен јаглен, но сопствениците бараат повеќе пари од реалната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП