18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа почиста животната средина 20 општини ќе добијат 43 милиони денари

За почиста животната средина 20 општини ќе добијат 43 милиони денари

Министерот за животна средина и просторно ланирање Садула Дураки и градоначалниците на 12 општини потпишаа договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација за изградба на водоводни и канализациони системи и за регулација на речните корита. Средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

„Во оваа област се предвидени вкупно 43 милиони денари и истите се доделени на 12 општини, за 14 проекти. Со тоа Министерството за животна средина и просторно планирање настојува и финансиски да ги помогне локалните самоуправи во делот на управување со водите со што се обезбедува не само почиста животна средина, туку и директно се влијае врз здравјето на жителите“, истакна министерот Дураки.

Согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година средствата се распределени за проекти во 4 области: за заштита, зачувување и подобрување на квалитетот на водите; за заштита на природата и биолошката разновидност; за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа животна средина; и за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата.

Потпишани се договори со:

Општина Желино за Изградба на фекална канализациона мрежа во Желино;
Општина Теарце за Изработка на документација за одведување на отпадни води;
Општина Дебар за Атмосферска канализација (цевковод за прифаќење на водите од Ваковска река), Дебар;
Општина Василево за Изработка на техничка документација за канализација во с.Добрашинци;
Општина Куманово за Изработка на техничка документација за канализациона мрежа за с.Табановце, Сопот и Четирце;
Општина Гостивар за Продолжување со изградба на фекална канализација во Дебреше;
Општина Брвеница за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за Долни Челопек, општина Брвеница;
Општина Липково за Регулација на речно корито на Слупчанска река;
Општина Пласница за Фекална канализација за дел од Долна Пласница, помеѓу река Треска и регионален пат Прилеп-Кичево;
Општина Крива Паланка за Доизградба на регулација на Скрљавски Дол;
Општина Струмица за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за Долни Челопек, општина Брвеница;
Општина Струмица за Регулација на порој Крушевска Република на потег од ул.Климент Охридски до улив во река Тркајна со партерно уредување околу каналот;
Општина Струмица за Изработка на техничка документација за проект Главен фекален колектор за новоурбанизирани урбани блокови во Струмица;
Општина Ранковце за Изработка на инфраструктурен проект за канализациона мрежа за отпадни води во Опила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП