21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Домашните и странските инвеститори ќе добијат еднаков третман

Бектеши: Домашните и странските инвеститори ќе добијат еднаков третман

Министерот за економија, Крешник Бектеши, како дел од владиниот економски тим предводен од премиерот Зоран Заев, денеска оствари средба со членови на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), на која се дискутираше околу сите отворени прашања и нивно надминување за создавање подобра деловна клима и еднакви можности за сите на пазарот.

„Тргнувајќи од фактот дека инвестициите се двигател на економијата, прва работа што имаме намера да ја направиме е да ги поттикнеме домашните инвестиции, паралелно со странските, нудејќи еднаков третман на инвеститорите, поради што во Министерството за економија веќе се подготвуваат измени на Законот за индустриски зони“, истакна министерот Бектеши. Според него, една од идеите што може да биде посебно интересна за компаниите имајќи ја предвид бројноста на дијаспората од Северозападна Македонија, е да се предложат даночни олеснувања за инвестирање од страна на граѓаните кои заминале на работа во странство.

Министерот Бектеши потенцираше дека во фокусот на економската програма на Владата е развојот на домашните претпријатија, пред сè малите и средни, и тоа преку создавање на здрава и предвидлива деловна клима, но и преку финансиска поддршка на домашните претпријатија, која ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на компаниите и нивните производи и услуги, не само на регионалните, туку и на глобалниот пазар. Посебно внимание ќе се посвети на поврзувањето на домашните претпријатија со странските, во технолошко-индустриските зони, со цел постигнување на know-how, рамномерен локален економски развој, трансфер на технологии, а со тоа интегрирана економија, односно интегриран инвестициски систем.

Премиерот Заев нагласи дека 90 милиони евра или еден отсто од БДП годишно ќе бидат реализирани за рамномерен регионален развој, а секој денар заштеден во Буџетот ќе се инвестира во капитални инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП