18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција очекува повеќе од 28 милиони туристи во 2017-та година

Грција очекува повеќе од 28 милиони туристи во 2017-та година

Раст на туристите во текот на оваа година прогнозираат од трговска организација во Грција „SETE“, цитирани од „AnaMpa“. Во 2017-та година туристите кај нашиот јужен сосед ќе бидат барем 26 милиони, а како се додаде крстарењето летувалците ќе бидат над 28,5 милиони лица.

На почетокот на сезоната во Министерството за туризам во земјата соопштија дека очекуваат околу 30 милиони туристи во оваа година.

Очекуваните приходи се меѓу 14,2 милијарди евра и 14,5 милијарди евра. Така придонесот на туризмот кон бруто домашниот производ на Грција ќе се зголеми со уште еден процентен поен, проценуваат од „SETE“.

Од организацијата сепак инсистираат на промени во законодавството кои ќе помогнат во развојот на конкурентен и одржлив туристички производ. Тие побараа формирање на специјални зони, во кои ќе се охрабрат инвестициите во туризмот. Инаку Грција нема да успее да ги постигне поставените цели, ако не сподели повеќе инвестиции во овој сектор.

Ова бара и враќање на довербата меѓу државата и фирмите во туристичкиот сектор, пишува уште весникот „Катимерини“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП