7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 2,3 милиона евра УНДП ќе им помогне на општините

Со 2,3 милиона евра УНДП ќе им помогне на општините

Новиот проект „Унапредување на општинското владеење“ денеска беше промовиран во Скопје во присуство на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, министерот за финансии, Драган Тевдовски, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Луиза Винтон.

Вкупната вредност на овој проект е 2,3 милиона евра, финансирани од Европската Унија.

Проектот ќе се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и општините во текот на наредните 30 месеци.

Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти: подобрување на следењето, осмислувањето и обезбедувањето на веќе децентрализираните услуги; обезбедување помош на општините да преземат нови услуги во согласност со инклузивните планови за развој и развивање на капацитетите на општините да обезбедат доволно приходи за испорака на сите потребни јавни услуги.

Проектот исто така ќе обезбеди финансирање на најмногу 30 општини во висина до 25.000 евра секоја со цел да помогне во утврдувањето на приоритетните потреби, а особено на потребите на ранливите групи, со цел да се обезбедат подобри животни стандарди за сите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП