Нивото на невработеност во Шпанија падна на најниско ниво од врвот на финансиската криза на крајот на 2008-ма година. Во периодот меѓу април и јуни таа падна до 17,2 отсто, објави националниот статистички институт „INE“, цитиран од агенциите.
За прв пат од четвртиот квартал на 2008-ма година, бројот на невработените падна под границата од 4 милиони лица.
Според „INE“, 340.700 луѓе успеале да најдат работа во овој период, што е за 8% помалку во споредба со првиот квартал од годината. Падот значи дека 3,91 милиони луѓе останаа без работа, висока бројка, но најниска од почетокот на 2009-та година.
На овој начин земјата успева да се справи побрзо со намалувањето на невработеноста отколку што очекуваа експертите, нагласува новинската агенција. Сепак таа е втората највисока во Европа, по онаа во Грција.
Генерално Шпанија имала 18,8 милиони мажи и жени на работа кон крајот на јуни, со 512.300 повеќе на годишна база.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој ветува да ќе го врати обемот на вработеноста на ниво над 20 милиони до 2020-та година – ниво на кое земјата беше пред рецесијата во 2008-ма година. Нивото на вработеност опадна до 17 милиони во најлошиот момент од кризата.
Во пролет пазарот на трудот на Пиринејскиот полуостров традиционално се развива подобро, бидејќи туристичката индустрија која е клучна за економијата, остварува сериозни состаноци, за да ги пречека туристите во текот на летото.
По неколку години на рецесија во последните месеци шпанската економија почна да закрепнува. Владата очекува раст на бруто домашниот производ од 3 отсто.
Премиерот Мариано Рахој неодамна објави дека ќе инвестираат значителен износ средства во уличната мрежа. Во наредните три години треба да бидат изградени нови 2.000 километри улици. Владата смета дека тоа може да создаде околу 190.000 работни места.