22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОди ли Романија по стапките на Грција?

Оди ли Романија по стапките на Грција?

Романија оди по стапките на Грција по само половина година управување на Социјалдемократската партија, пишува денеска во романскиот „Адеварул“.

Јавните инвестиции се на најниско ниво за последните десет години, трошоците за плати и социјални бенефиции се зголемуваат, приходите во буџетот дури не се доближуваат до оние од минатата година, а искористувањето на фондовите на ЕУ е слабо.

Аналитичарите велат дека ситуацијата изгледа слична на онаа во Грција во 2007-2008 година, посочува весникот.

Весникот истакнува дека првото полугодие е „мрачно“ од гледна точка на буџетското извршување, а државниот дефицит расте со 63 проценти во однос на првите шест месеци од минатата година.

Буџетските трошоци во првите шест месеци се зголемуваат со 10 проценти, а најмногу се зголемуваат трошоците за персоналот – со 19,5 проценти, поради зголемувањето на минималната плата на 1.450 леи и другите зголемувања на платите.

Истовремено трошоците за јавните инвестиции се намалуваат за 45 проценти во однос на истиот период од минатата година, истакнуваат аналитичарите, велејќи дека во 2016-та година е забележано минимално ниво за последните 10 години, од гледна точка на јавните инвестиции.

„Загрижувачкиот пораст на расходите во државниот сектор може да не однесе во краток рок до ситуацијата на Грција пред 5-6 години. Ризиците се огромни“, коментира Василе Бар, заменик-претседател на Трговско-индустриската комора на Романија.

Јонуц Думитру, претседател на романскиот Фискален совет, потенцирајќи дека иако Романија има стабилен економски раст, буџетските приходи не се зголемуваат според прогнозите. Од друга страна ситуацијата со апсорпцијата на фондовите на ЕУ, исто така, не е добро.

Весникот „Романија либера“ коментира дека состојбата на финансиите на земјата е вонредна, бидејќи приходите од даноци и такси се помали од минатата година и не успеваат да ги покријат дури трошоците за пензии, плати и социјални бенефиции, зголемени неосновано.

Иако победија на изборите со ветувања за големи инвестиции и привлекување на рекордни суми од фондовите на ЕУ, владејачките партии „СДП“ и „АЛДЕ“ досега го покажале токму спротивното, нагласува весникот.

„Службен извештај: храната во Романија е полоша отколку во странство“, пишува во „Адеварул“ по повод заклучоците од студијата на серија на производи, продажба се под исти марки во земјите од Источна и Западна Европа. Поголемо количество масти, повеќе хранливи додатоци и пониска хранлива вредност утврдиле романските експерти кај девет од анализираните 29 хранливи производи.

Вчера романскиот министер за земјоделство Петре Даја повика ЕУ да обрне внимание на „двојните стандарди“, користени од компаниите за производство на храна, кои се продаваат под исти марки во земјите од Источна и Западна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП