25 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора го зголеми ДДВ-то од 19 на 21 отсто

Црна Гора го зголеми ДДВ-то од 19 на 21 отсто

Црна Гора ја зголеми стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 19 на 21 отсто, на вчерашната одлука на Собранието.

Собранието ги усвои владините измени и дополнувања на Законот за ДДВ, кој ќе биде во сила од јануари следната година.

Црна Гора има проблем со јавниот долг, кој се движи околу 65 проценти од бруто домашниот производ, што ги загрижува домашните и особено странските финансиски организации.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ) и други финансиски организации укажуваат на Црна Гора на “фискална консолидација”.

Владата предложи, а Собранието вчера ја усвои фискална стратегија за следните три години.

Дефинирано е и намалување на платите во јавниот сектор за шест проценти и укинување на бенефиции за мајките со три или повеќе деца. Овие две мерки веќе се применуваат од почетокот на јули оваа година.

Министерот за финансии, Дарко Радуновиќ повтори дека целта на новите мерки за штедење е за да се зајакне фискалната стабилност, буџетски суфицит и намалување на јавниот долг од 2020 година. И додаде дека целта на консолидацијата е да се постигне достапност на земјата од страна на меѓународните финансиски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП