16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ќе го замени Бил Гејтс како најбогат во светот?

Кој ќе го замени Бил Гејтс како најбогат во светот?

Во последните 30 години списанието „Forbes“ ја следи состојбата на најбогатите луѓе во светот. За тоа време само пет лица ја носеле титулата „најбогат на планетата“, а во 18 од 30-те години на чело на листата е Бил Гејтс.

Референцата на „Forbes“ сепак покажува дека денес Безос е само на 2,1 милијарди долари од челното место. Состојбата на Гејтс, според последните податоци, се проценува на 90.3 милијарди долари, а Безос има 88,2 милијарди долари.

Главната причина за растот на богатството на Безос е поскапувањето на акциите на компанијата основана од него – „Amazon“. Во 2017-та година тој додава 15,4 милијарди долари, а за последните 12 месеци износот расте со 27.6 милијарди долари.

Ново поскапување од само 2,5% на акциите на „Amazon“ би го крунисало Безос како најбогат човек на планетата. Ако поскапувањето на акциите се остварува со истото темпо како во последните 157 дена, „Forbes“ проценува дека ќе бидат потребни само уште три недели овој факт да стане реалност.

Сепак, ова може да се случи и доста порано. Утре „Amazon“ ќе објави тримесечните резултати, што значи дека при прогласувањето на подобри од очекуваните податоци акциите на компанијата можат да поскапат силно уште следниот ден.

Потсетуваме дека Гејтс е на чело на листата на најбогатите луѓе во светот во 18 од последните 23 години.

Останатите четири лица кои го окупирале челното место на листата, се Јапонците Јошиаки Цуцуми и Таикичиро Мори, Мексиканецот Карлос Слим и инвеститорот Ворен Бафет.

Можеби е време светот да има нов најбогат човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП