18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе нема да бидат тајна договорите со странските инвеститори

Повеќе нема да бидат тајна договорите со странските инвеститори

Договорите со странските инвеститори во економските зони во земјава ќе станат достапни за јавноста. Владата на Република Македонија на седница вчера усвои барање за декласификација на сите договори склучени како државна тајна.

Владата, како што стои во соопштението од владината прес-служба, смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата што е точно договарано со странските инвеститори и поранешната Влада при потпишување на договорите за влез на комапниите во економските зони.

Затоа, се додава, Владата усвои барање со кое се бара декласификација на сите договори склучени како државна тајна, коишто по спроведувањето на процесот на декласификација ќе бидат целосно и транспарентно достапни на јавноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП