12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелта на новите санкции на САД е баланс во трговијата со ЕУ

Целта на новите санкции на САД е баланс во трговијата со ЕУ

Со новите санкции против Русија, Вашингтон ќе се обиде да го подобри балансот во трговските односи меѓу Европската унија (ЕУ) и САД, тврди аналитичарот Рем Кортевег во коментар за „EurActiv“.

Според него Доналд Трамп сака да го намали сериозниот дефицит во трговските односи со заедницата, но наместо да се применат нови бариери, експертите во Белата куќа посочиле дека САД може да продава повеќе течен гас во Европа.

Според анализи на Меѓународната агенција за енергетика во текот на следните пет години САД ќе стане третиот по големина извозник на течен гас во светот.

Во моментов продажбата на американски гас во Европа е ограничена поради поевтиниот руски гас и инфраструктурната поврзаност на континентот. Од февруари 2016-та година досега на Стариот континент влегле само 1 милијарда кубни метри природен гас, односно едвај 2% од планираниот капацитет на „Северен поток 2“.

Со наметнатите ограничувања пред енергетскиот бизнис во Европа, во Вашингтон се надеваат да го отворат патот на течниот гас и тој да стане атрактивен. Како извор на суровина САД би се прифатиле добро, бидејќи ќе се намали доминантната положба на „Газпром“, пишува уште аналитичарот.

„Северен поток 2“ предизвикува поделба во ЕУ и веројатно заради овие проблеми гасоводот никогаш нема да биде изграден. Фактот дека САД ја диктира енергетската политика го иритира Брисел. Затоа и денес Европската комисија (ЕК) ќе дискутира за одговорот на заедницата.

Според Рем Кортевег ако Трамп ги одобри новите санкции, ќе ги зголеми тензиите во односите со ЕК, Германија и други европски држави. Ова ќе создаде уште еден извор на трансатлантски тензии и тоа во сферата во која ЕУ и САД можат да работат заедно.

„Ова ќе биде само одлична можност за целите на Владимир Путин“, заклучува аналитичарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП