23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлумберг: Инвеститорите на Грција и понудија седум милијарди евра

Блумберг: Инвеститорите на Грција и понудија седум милијарди евра

Грција во вторникот предизвика голем интерес за инвеститорите во првото издание на годишни обврзници на финансиските пазари по 2014 година, што е важен чекор кон остварување на финансиска независност на таа земја бидејки од следната година ќе престане да пристига помош од меѓународните кредитори.

Државната агенција за управување со долгот на Грција ги објави плановите за продажба на обврзници која има намера да ги отплати во пет години.

Како што откриваат Блумберг, од инвеститори наводно, биле понудени седум милијарди евра.

Интересот не е изненадувачки со оглед дека Министерството за финансии нудат каматна стапка од 4,7 отсто.

Инаку, Владата сметаше дека може да им понуди каматна стапка од 4,2 отсто, но финансиските експерти сметаат дека таква амбициозна цел не може во сегашните услови.

Ако емисијата на обврзници помине успешно, ќе означи уште еден чекор за излез од трајниот круг на штедење и меѓународна помош.

Од 2010 година, Грција е зависна од пакетот за финансиска помош за решавање на потребата за позајмување пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП