18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотребните инвестиции во инфраструктура до 2040-та изнесуваат 94 илјади милијарди долари

Потребните инвестиции во инфраструктура до 2040-та изнесуваат 94 илјади милијарди долари

Потребните инвестиции во глобалната инфраструктура (енергетска, телекомуникациска, транспортна – авиосообраќајот, железничкиот транспорт, патишта, водовод и други) до 2040-та година се проценуваат на 94 илјада милијарди долари, пресметува „Глобалниот инфраструктурен центар“ кон „Г20“, цитиран од агенциите.

Околу една петтина од овој обем, сепак најверојатно воопшто нема да биде обезбеден, се наведува во истражувањето, што опфаќа 50 земји во светот.

График: Глобален инфраструктурен центар

Во извештајот е пресметано какви се потребите на земјите од инвестиции во инфраструктура за периодот до 2040-та година, кои од секторите се потребни најмногу од инвестиции и она што е потребно за задоволување на овие потреби врз основа на сегашните стапки на инвестиции.

„Ројтерс“ потсетува дека „Глобалниот инфраструктурен центар“ е основан во 2014-та година и има за цел да ги зголеми можностите за јавните и приватни инвестиции во инфраструктура во светот. Иницијативата се финансира од владите, меѓу кои Велика Британија, Австралија, Кина, Јужна Кореја и Сингапур.

Најтежок недостаток на финансирање се појави во САД – 3,8 илјади милијарди долари, како и во Бразил, Аргентина, Русија, Кина, Турција, Италија и Индија. Најголеми потреби има Кина – 28 илјади милијарди долари за периодот.

Секоја година се инвестираат по 3,7 илјади милијарди долари, што е еквивалентно на економијата на Германија – четвртата најголема во светот. За да се постигнат сепак целите на програмата за одржлив развој на ОН, која цели да обезбеди универзален пристап до вода за пиење и електрична енергија, инвестициите треба да се зголемат до 3,7% од глобалниот БДП до 2030-та година.

График: Глобалниот инфраструктурен фонд

Потребата од зголемување на инвестициите во инфраструктурата се утврдува од очекуваниот раст на светската популација со 2 милијарди лица до 2040-та година и на градското население со 46%. Главен двигател на овој раст ќе биде Азија, која ќе има потреба од 52 илјади милијарди долари инвестиции во инфраструктура за периодот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП