26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, на места со брзина и од 70 км/час.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 23 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончевои топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер, тeмпературата ќе се движи од 19 до 34 степени.

Денеска и в четврток, главно во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и појава на локален пороен дожд со грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови од земјава. Денес ќе дува умерен, а в четврток засилен ветер од северозападен правец.

Дневната температура и во следните два дена ќе биде во опаѓање, а најсвежо ќе биде в четврток. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП