18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина останува изворот на најфалсификувана стока во ЕУ

Кина останува изворот на најфалсификувана стока во ЕУ

Кина останува земјата наведена прва како извор на фалсификувана стока, во извештај на Европската комисија (ЕК). Околу 80% од увезената фалсификувана стока е со потекло од азиската држава.

Од податоците се гледа уште дека во 2016-та година во заедницата влегле вкупно 41,3 милиони фалсификувани стоки, а вредноста ми се проценува на речиси 673 милиони евра. Бројот на фалсификуваните стоки се зголемува за 2%, но вкупно случаите при кои се пресретнати, се намалуваат за 22% – до 63,1 илјади во 2016-та година.

Кина е јасен лидер со 80% од сите фалсификувани стоки во заедницата. Постојат меѓутоа држави, кои се „специјализирани“ во одделни категории на стоки. На пример Сингапур е изворот на најмногу фалсификувани алкохоли, Иран на облека, Хонг Конг и Кина на мобилни телефони, техника и автомобилски делови, а Индија на лекови.

Најголемиот удел на лажните стоки во ЕУ паѓа на цигарите – 24% од сите фалсификувани стоки. Главните извори се Виетнам и Пакистан. Следуваат играчките (17%) и прехранбените производи (13%).

„Високото ниво на заштита на интелектуалната сопственост е од клучно значење за економскиот раст и создавањето на работни места“, коментира комесарот за прашањата на економијата, даноците и царинската унија, Пјер Московичи, цитиран од прес-службата на ЕК.

Тој коментира уште дека фалсификуваните стоки не се само проблем за конкурентноста, но и ја доведуваат во прашање безбедноста и здравјето на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП