17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНебезбедните житни снегулки на „Нестле“ ги нема на нашиот пазар

Небезбедните житни снегулки на „Нестле“ ги нема на нашиот пазар

На македонскиот пазар ги нема житните снегулки на „Нестле“ кои превентивно беа повлечени од хрватскиот пазар поради зголемени вредности на ароматични јаглеводороди, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Агенцијата за храна и ветеринарство досега преку Системот за брзо предупредување на Европската Унија – RASSF нема добиено нотификација со број 2017.1036 за небезбеден производ – житните снегулки ‘нестле нестум експерт со зоб и суви сливи’, кој компанијата ‘Нестле адријатика’ превентивно го повлекува од хрватскиот пазар, по добиената нотификација дека сличен производ на пазарот на ЕУ содржи зголемени вредности на полициклични ароматични јаглеводороди“, соопшти АХВ.

Според податоците од Системот за брзо предупредување на Европската Унија, производот е дистрибуиран во Белгија, Холандија, Грција, Бурунди и во Уганда и овие земји треба да преземат мерки за негово повлекување и за информирање на јавноста.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека добиле известување од компанијата за повлекувањето на производите и будно ја следат состојбата. Доколку се јави потреба, велат од таму, веднаш ќе бидат преземени потребните мерки за безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП