22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија корупцијата се засилува со кинеските инвестиции

Во Македонија корупцијата се засилува со кинеските инвестиции

Кинеските инвестиции во инфраструктурата на Западен Балкан ја поттикнуваат и онака раширената корупција во регионот, се наведува во најновата анализа на Институтот за безбедносни истражувања на ЕУ (ЕУИСС).

Таквото тврдење Институтот го поткрепува со податоци дека досегашните кинески инвестиции во патишта и железница од 5,5 милијарди евра дошле во Македонија, БиХ, Црна Гора и во Србија така што „кинески компании добивале договори директно од владите, а не преку тендери“.

Западнобалканските држави, како што и се укажува, „често морало да донесуваат посебни закони за кинески проекти за да ги задоволат барањата на Пекинг да се договорат директно со владите. Тоа создава нејасни празнини и исклучоци во законите и одлага усогласување на регионот со правилата и стандардите на ЕУ“.

Во прилог на тврдењето ЕУИСС посебно го нагласува случајот на кинеската инвестиција во автопатот Кичево – Охрид и оценува дека тука е утврдена загуба за македонскиот буџет од 155 милиони евра и е „откриен скандал во кој се вмешани петмина политичари од претходната влада, меѓу кои и поранешниот премиер“.

– Има многу наводи во регионот дека договорите со кинески компании се со незаконски плаќања – наведува Институтот. Немањето увид во целокупната постапка на склучување договори и набавка го засилува таквиот впечаток. А како исход Кина го зацврстува начинот на водење на бизнисот зад затворени врати, уништува реформи на влади во регионот и придонесува за создавање „бели слонови“ на Западен Балкан, односно големи проекти прескапи за економиите на државите, а исплативи за приватните инвеститори.

Кинеската компанија, која добила договори за работа во Македонија, е „Синохидро“, „една од многуте на црниот список на Светска банка“, напоменува Институтот и додава дека примерот со Македонија укажува на кинескиот модел на инвестиции во инфраструктурата на Западен Балкан и може да сврти внимание за слични проекти кои во иднина може да се појават во држави каде што почнуваат кинески проекти“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП