15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна да се реконструира булеварот Васко Карангелевски

Започна да се реконструира булеварот Васко Карангелевски

Денеска започна реконструкцијата на дел од булeварот Васко Карангелевски во општина Аеродром на потег од крстосницата со булеварот Јане Сандански до крстосницата со булеварот АСНОМ кај хотел Русија, во должина од 600 метри.

Со проектот е предвидено гребење на горниот слој од постојнииот коловоз и нанесување нов асфалт од типот сплит мастик. Со реконструкцијата на овој булевар, кој во моментот е во катастрофална состојба, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот. Се најавува дека градежните работи ќе завршат во текот на септември. Покрај санацијата на коловозот, со овој проект е предвидена и санација на рабниците и реконструкција на дел од тротоарите.

На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за реализацијата на овој проект Градот Скопје ќе вложи 7,8 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП