10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на KFC поради птичјиот грип

Намалена продажбата на KFC поради птичјиот грип

kfc1

Продажбата на американскиот ланец за брза храна „KFC“ во Кина минатиот месец е намалена за околу 36 проценти поради стравувањето од епидемијата на птичјиот грип H7N9.

Птичјиот грип од типот H7N9, кој прв пат беше откриен кај луѓето, однесе 35 животи во Кина, наведува Националната комисија за здравје и планирање на семејство. Министерството за здравје во Пекинг наведува дека минатата недела се евидентирани уште четири смртни случаи.

Како реакција на епидемијата, кинеските градови ги затворија пазарите на кои се продава живина.

„Во првата недела од април, публицитетот околу птичјиот грип во Кина негативно влијаеше на продажбата на „KFC“, чиј клучен пазар е Кина, бидејќи во таа земја постојат повеќе од 4.200 ресторани на „KFC“.

„И претходно сличен публицитет драматично влијаеше на нашата продажба, но тоа реалативно кратко траеше. Како и претходно, ги потсетуваме купувачите дека правилно подготвеното пилешко месо е совршено здраво за јадење“, наведуваат во соопштението од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП