18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоќта на парите: Богатите луѓе се посреќни

Моќта на парите: Богатите луѓе се посреќни

pari1

Среќата не е торба полна со пари? Се чини дека меѓу луѓето владее сосема друго убедување. Всушност, една неодамнешна студија покажала дека луѓето кои имаат повисоки приходи се посреќни од оние кои имаат помала плата.

Богатството и парите не прават посреќни. Иако во економијата до неодамна преовладуваше теоријата на економистот Ричард Естерлин, дека парите не влијаат на нивото на среќа кај луѓето, последните истражувања покажаа многу различен резултат. Истакнатите американски професори Бетси Стивенсон и Џастин Волферс неодамна ги објавија резултатите од нивните истражувања во списанието “Економист”. Студијата покажала дека висината на приходите влијае на среќата на луѓето.

Истражувањето било спроведено во соработка со луѓе од неколку земји, а прашањата што ги  одговарале испитаниците биле “Како тие се гледаат себеси скалата на задоволството од 1 до 10” и  “Колкави се нивните годишни приходи”.

Одговорите на прашањата покажале резултати на кои се гледа дека луѓето колку се побогати, толку се посреќни.

Така, граѓаните на Соединетите Американски Држави (САД), со годишен приход над 128.000 долари се наоѓаат на скалата од 8.0 на скалата на задоволство. Од друга страна, американските граѓани кои годишно заработуваат околу 16.000 долари на скалата на задоволство се наоѓаат на 6.5.

Исто така, докажано е дека граѓаните на Германија со годишен приход над 70.000 долари се на скала од 7.5 на скалата на задоволство, додека Германците со годишна плата од околу  16.000 долари на 5.5.

pari2

Истражувањето на американските професори покажа дека побогатите Руси се многу посреќни од оние со пониски примања. Така, русите кои годишно заработуваат околу 16.000  долари се на скалата од 6.0 на скалата на задоволството, додека оние со околу 4.000 долари годишно на 4.5.

Исто така, богатите Кинези кои годишно заработуваат околу 32.000 долари се на 6.0 на скалата на задоволство, додека посиромашните, со годишен приход од околу 2.000 долари, се наоѓаат на 4.0 скала.

Жителите на Индија со годишен приход над 10.000 долари се на скала од 6.0 на скалата од задоволство. Од друга страна, Индијците чиј годишен приход изнесува околу 2.000 долари годишно се на скала од 4.5.

Истражувањето на американските професори покажало дека побогатите граѓани во многу посиромашни земји во светот, како што е Нигерија, се многу посреќни отколку нивните сограѓани кои имаат помал приход.

Граѓаните на Нигерија кои годишно заработуваат повеќе од 8.000 долари се на скалата на 5.5, додека оние со годишен приход од околу 2.000 долари годишно се на скалата 5.0 на скалата на задоволство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП