21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМЕПСО: Компанијата нема заостанати неплатени обврски, тоа се судски процеси кои ќе...

МЕПСО: Компанијата нема заостанати неплатени обврски, тоа се судски процеси кои ќе се сервисираат по одлуките

МЕПСО, во писмено обраќање до медиумите потенцираше дека нема заостанати долгови туку дека се работи за судски процеси кои ќе бидат платени по судските одлуки,

“Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста сакаме да потенцираме дека МЕПСО нема заостанати неплатени обврски и дека во јавноста беа пласирани  податоци за обврски за кои се водат судски процеси кои ќе бидат сервисирани по окончувањето на судските спорови”, се вели во соопштението.

“МЕПСО, акционерско друштво во државна сопственост кое врши јавни дејности,  редовно и навремено во валутен рок ги измирува своите обврски врз основа на своите  планови и на реализацијата на деловните активности на компанијата. МЕПСО во рамките на своите деловни потфати има евидентирани обврски кои не се доспеани и не можат да имаат третман на заостанати побарувања”, велат од компанијата.

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста МЕПСО појаснува дека финансиските обврски,  за кои некои медиуми пренесоа дека се заостанати, а беа третирани на прес конференцијата на Министерството за финансии се оспорени обврски за кои компанијата води судски процеси кои се уште не се завршени. Тоа не се заостанати обврски. По поделбата на ЈП Електростопанство на Македонија друштвата кои произлегоа од него имаа меѓусебни побарувања и обврски за кои се водат судски спорови. За потенцијалните обврски кои можат да произлезат од судските спорови МЕПСО има резервирано средства согласно со меѓународните сметководствени стандарди (МСС) кои се презентирани во сите финансиски извештаи на компанијата. МЕПСО по  конечно завршување на судските процеси ќе пристапи кон спроведување на конечни судски одлуки во сите елементи што таа ќе ги содржи и ќе ги исполни сите облигации кои ќе произлезат од неа.

“Најсилен аргумент за финансиската состојба на МЕПСО се долгогодишната континуирана соработка со меѓународните финансиски  институции  Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка спрема кои МЕПСО редовно и навремено ги сервисира сите обврски за инвестициски проекти за зголемување на капацитетите на преносната мрежа и доверливоста во управувањето со електропреносниот систем на Република Македонија. Како резултат на долгогодишната соработка, навременото и редовно измирување на обврските и стекнатата доверба последните две кредитни линии  од ЕБРД се без државни гаранции и без обезбедување”, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП