25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне времен прекин на сообраќајот кај Врбјани

Попладне времен прекин на сообраќајот кај Врбјани

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини и покрај зголемената фреквенција, во моментов нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

На магистралниот пат А2, патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање) денес помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути.

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП