19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa: 2% помалку патници во април

Lufthansa: 2% помалку патници во април

lufthanza1

Најголемата германска авиокомпанија „Lufthansa“ објави пад на бројот на патници во април.

Авиопревозникот во текот на минатиот месец превезе 8.586.000 патници, што е за два проценти помалку од истиот месец минатата година.

Капацитетот, исто така, е зголемен за занемарливи 0,2 проценти, што значи дека факторот за пополнетост е намален за 0,2 процентни поени, на 78,3 проценти, се наведува во соопштението од компанијата.

„Lufthansa“, во чија сопственост се и авиокомпаниите „Swiss Airlines“ и „Austrian Airlines“, наведува дека бројот на патници во април е намален исклучиво на нејзините летови за 1,4 проценти, на 6.228.000.

Бројот на патници на летовите на „Austrian Airlines“ потона за 6,4 проценти, на 922,000, додека бројот на патници на „Swiss Airlines“ е намален за 1,4 проценти, на 1.436.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП