24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија ги исполнува условите за добивање на следната транша од 2,1 милијарда...

Португалија ги исполнува условите за добивање на следната транша од 2,1 милијарда евра помош

Flag_of_Portugal.svg

Португалија ги исполни условите за добивање на следната транша од спасувачкиот план за земјата, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение на министрите за финансии на земјите од еврозоната.

Заедно со следната транша од 2,1 милијарда евра, Португалија добива и продолжување на намалувањето на  кредитите.

Министрите за финансии од еврозоната постигнаа согласност дека португалските власти прават напори за спроведување на програмата за заздравување на португалските финансии и за враќање на земјата на финансиските пазари.

Одлуката за одобрување на следната транша од помошта за Португалија треба да биде одобрена од националните парламенти на земјите од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП