20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужна Кореја се подготвува да стане трговски центар за нафта и гас...

Јужна Кореја се подготвува да стане трговски центар за нафта и гас во Северна Азија

Јужна Кореја подготвува олеснувања за правилата за терминали за складирање на гас, кои ќе и помогнат да се претвори во најважниот трговски центар за гас во Северна Азија, пишува „Ројтерс“.

Земјата е петтиот по големина увозник на гас во светот.

Уште во 2014-та година Сеул ги објави плановите за претворање на две пристаништа во северниот дел на земјата во кластери за нафтени и гасни бродови. Во оваа година Владата одобри нов закон, што ќе овозможи трговијата на овие терминали, но остануваат уште некои технички аспекти кои треба да бидат финализирани.

Новите прописи ќе бидат одобрени во октомври, коментира извор од Министерството за енергија за „Ројтерс“.

Целта е меѓународните трговци слободно да ги користат двете пристаништа за трговија со нафтени и дури хемиски производи на терминалите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП