Десет години по кризата во станбениот пазар во САД, некои работи се влошени, наместо да се подобруваат, пишува „MarketWatch“.
Денес бројот на американските домаќинства кои живеат под кирија, е на највисоко ниво во последните 50 години, според податоците на „Pew Research Center“.
Вкупниот број на домаќинства во САД е зголемен за 7,6 милиони меѓу 2006-та и 2016-та година. Но, во исто време домаќинствата кои имаат свои станови за истиот период речиси не се промени, делумно поради „ехото“ од кризата со домовите.
Бројот на домаќинствата кои изнајмуваат дом е намален во однос на пикот за време на „катастарскиот балон“ во 2006-та година, но како процент овие домаќинства се зголемуваат до близу 37% во минатата година во споредба со 31% во 2006-та година.
Во исто време, студијата покажа дека одредени демографски групи како млади, „обоени“ и помалку образовани, се со поголема веројатност да најмат живеалиште.
Меѓутоа, станарите се исто така се зголемија и меѓу некои групи кои по традиција поретко живеат по кирија, како „белите“ и луѓето на средна возраст.
Сепак Американците под 35 години најчесто од сите старосни групи најмуваат живеалиште. Во 2016-та година 65% од сите домаќинства кои изнајмиле живеалиште биле на возраст под 35- годишна возраст во споредба со 57% пред десет години.
Една од причините што толку многу луѓе живеат под кирија – само 45% од станарите можат да си ја дозволат просечната цена на живеалиште во регионот во кој живеат. Купување на дом станува невозможно за оние кои живеат во скапите пазари како Западниот Брег и Флорида. Во овие делови на земјата едвај 10% од станарите можат да си дозволат да исплатат хипотека, ако се одлучат да купат стан.