
На крајот на првиот квартал од оваа година хрватскиот јавен долг достигна рекордни 40 милијарди евра, или 86,4 отсто од бруто домашниот производ , со што Хрватска се најде меѓу земјите-членки на ЕУ со најголем пораст на долгот, според новите податоци од Евростат. Долгот е зголемен за еден отсто во односот на бруто домашниот производ од минатата година.

