5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк во „Кроација ерлајнс“

Штрајк во „Кроација ерлајнс“

cro

Членови на три од четири синдикати кои дејствуваат во државната авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ од утрово со почеток од шест часот најавија почеток на штрајкот.

Причината е што не постигнале договор со членовите на управата и министерот за труд Миранда Мрсиќ за задржување на стекнатите права кон колективниот договор од минатата година.

Поради најавениот штрајк, дел од меѓународните и домашни летови ќе се извршуваат со изменет ред на летање, иако голем број патници ќе бидат превезувани со авиони на партнерски компании, односно со изнајмени авиони.

За денешните летови се регистрирани 4.600 патници, а се очекува дека пореметувања во планираното патување ќе почувствуваат околу 900 патници. Сите информации за летовите се објавени на Интернет страницата, а патниците во случај на потреба својата карта ќе можат да ја заменат без надомест или да бараат враќање пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП