18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ одобри заем за Грција, но под нови услови

ММФ одобри заем за Грција, но под нови услови

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе обезбеди заем од 1,6 милијарди евра за Грција, но под нови услови. Тоа го одлучи Управниот одбор на Фондот за време на седница во Вашингтон, соопштија од институцијата. Т.н. „Стенд бај“ аранжман, според кој се доделуваат овие средства ќе истече на крајот на август 2018-та година.

Условите кои ММФ ќе ги очекува, сепак, се „специфични и сигурни уверувања“ од европските кредитори на Грција за намалувањето на грчкиот долг. Атина за возврат треба да ги исполни предвидените економски реформи.

„Ројтерс“ потсетува дека третата спасувачка програма за Грција, потпишана во 2015-та година, во моментов се финансира само од европските институции. ММФ одбива да учествува во оваа активност, посочувајќи дека се потребни сериозни реформи и ограничување на трошоците, за да биде одржливо управувањето со обврските на Атина.

„Како што повеќепати сме нагласувало дури и при целосно спроведување на програмата, Грција нема да биде во можност да ја закрепне отпорноста на своите обврски и има потреба од намалување на долгот од своите европски партнери“, рече директорот на Фондот, Кристин Лагард, пренесува „Bloomberg“.

По состанокот во Вашингтон таа посочи дека е потребна поголема реална проценка. „Очекувам наскоро Грција и европските партнери да се договорат за обновување на отпорноста на обврските“, рече таа.

Пресметките на ММФ покажуваат дека дури и да ги исполнат своите ветувања, долгот на земјата ќе достигне 150% од бруто домашниот производ (БДП) во 2030-та година. Според институцијата обврските на нашиот јужен сосед може да се чуваат под контрола со продолжување на грејс периодот и продолжување на достасувањето.

Оценката за земјата покажува дека БДП-то во последните три години се зголемува слабо, невработеноста се намалува, но тоа е резултат од часовна работа, а нивото на сиромаштијата и нееднаквоста остануваат меѓу највисоките во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП