22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетскиот дефицит во еврозоната и во ЕУ опаѓа во првиот квартал

Буџетскиот дефицит во еврозоната и во ЕУ опаѓа во првиот квартал

Буџетскиот дефицит во еврозоната за првиот квартал од 2017-та година достигна 0,9% од бруто домашниот производ (БДП), што е малку под нивото од претходните три месеци – 1,1%. Ова го покажуваат последните сезонски прилагодени податоци на „Еуростат“.

Во Европската унија како целина буџетскиот дефицит се проценува на 1,0% од БДП-то, исто истакнувајќи пад на квартална основа од 0,2 процентни поени.

Во првите три месеци од годинава државните приходи во еврозоната се еднакви на 46,5% од БДП-то во однос на трошоците за 47,4% од БДП-то. Во исто време податоците за ЕУ ​​како целина покажуваат дека приходите биле 45,2% од БДП-то, а трошоците – 46,2%.

Според податоците на „Еуростат“ само во две земји се забележува буџетски дефицит од над 3 отсто од БДП-то: во Франција од 3,3% и во Романија, каде нагло е зголемен дефицитот на квартална основа од 1,8% на 3,2% . За голем дел од земјите, сепак, вклучувајќи ги Грција, Шпанија и Италија, недостасуваат податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП