17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го разгледува планот против даночното затајување

ЕУ го разгледува планот против даночното затајување

E

На состанокот кој денес започнува во Брисел, официјалните лица на Европската унија ќе го разгледаат планот против даночното затајување, по позивот на Групата Г20, Европа да се бори против тој феномен.

Тензијата за покренување на тоа прашање е зголемена по најавата на Велика Британија, САД и Австралија дека ќе покренат голема меѓународна истрага за тајните банкарски сметки.

„Тие ќе имаат можност од зборови да прејдат на дела и нема изговори за да не го сторат тоа“, изјави европскиот комесар задолжен за даночните прашања Алгирдас Семета.

Прва задача ќе биде да се убеди Виена делумно да ги открие своите банкарски тајни и истото тоа да го стори и Луксембург. Австрија е под притисок постојано, бидејќи таа во моментов е единствена членка на ЕУ која не дозволува автоматска размена на банкарски податоци и го блокира законот за штедење, како дел од борбата против даночното затајување.

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека е подготвен да преговара под одредени услови – да се сочува банкарската тајност на австриските државјани и да не се чепкаат билатералните договори со Швајцарија и Лихтенштајн за рамената на банкарските податоци.

Меѓутоа ЕУ не се согласува со тоа. „Еден од принципите на ЕУ е автоматската размена на податоци“, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Тој минатата недела ги повика европските официјални лица да превземат одлучни мерки против даночното затајување.

За борбата против затајувањето на даноците, ЕУ сака да преговара и со другите земји, како што е Швајцарија, Андора, Монако и Лихтенштајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП