1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата даде зелено светло за одделување нова транша од помошта за Грција

Еврогрупата даде зелено светло за одделување нова транша од помошта за Грција

eur

Министрите за финансии од земјите од еврозоната дадоа зелено светло за деблокирање на нова транша од помошта за Грција. Сумата изнесува 7,5 милијарди евра.

Првата транша од 4,2 милијарди евра ќе биде деблокирана во наредните денови, додека втората транша од 3,3 милијарди евра ќе биде одделена во јуни, под услов Грција да ги примени реформите, договорени со кредиторите.

Еврогрупата денеска го разгледува вториот отчет за примена на вториот план за спасувачката програма за Грција. Отчетот е подготвен од експерти од тројката кредитори на Грција (Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Европската централна банка).

Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејсеблум истакна дека Атина демонстрирала добар напредок за реализирање на структурните и финансиски даночни реформи. Позитивните резултати во таа насока се изразуваат во намалување на буџетскиот дефицит и подобрување на ситуацијата на банкарскиот сектор, додаде претседателот на Еврогрупата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП