6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се продава американскиот претседателски авион

Ќе се продава американскиот претседателски авион

air

Авионот „Ер Форс Ту ДЦ-9“, кој го користеа високите американски владини претставници, од 15 мај ќе биде ставен на продажба со почетна цена од 50.000 долари, објави официјално на Твитер американската Администрација.

Авионот, кој се наоѓа на аеродромот Феникс во Аризона, го користеле потпретседателите на САД, првите дами и државните секретари. Авионот кој моментно го користат високите државници на САД е поголем од леталото кое ќе биде продадено.

Праксата да се продаваат претседателските авиони во светот не е непозната. Владата на Малави, во источна Африка, кон крајот на јануари одлучи да го продаде претседателскиот авион и тоа не поради технички, туку поради политички и економски причини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП