
Велика Британија ги забрзува плановите за зголемување на возраста за пензионирање во позадина на зајакнатиот притисок кој поголемиот животен век го има врз државните финансии.


Велика Британија ги забрзува плановите за зголемување на возраста за пензионирање во позадина на зајакнатиот притисок кој поголемиот животен век го има врз државните финансии.
Министерот за труд и пензии Дејвид Гоук ги најави промените, истакнувајќи дека исплатата на пензии за подолг период е предизвик за Владата, забележуваат агенциите.
Според плановите возраста за пензионирање ќе се зголеми од 67 до 68 години од 2037-ма и 2039-та година. По важечките правила првично се предвидуваше промена да се случи меѓу 2044-та година и 2046-та година.
Треба да се најде рамнотежа помеѓу финансирањето на пензиите и обезбедувањето на правда за идните генерации, истакна Гоук.
Бројот на луѓето над возраста за пензионирање се очекува да се зголеми за една третина меѓу 2017-та и 2042-ра година од 12,4 милиони до 16,9 милиони.