28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и Кина не успеаја да се договорат за намалувањето на трговскиот...

САД и Кина не успеаја да се договорат за намалувањето на трговскиот дефицит

Високи американски и кинески претставници не успеаја да постигнат договор на вчерашната средба за чекорите потребни за намалувањето на американскиот трговски дефицит со Кина, пренесоа агенциите.

Вработен од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој побарал анонимност, тврди дека има несогласување во повеќето комерцијални области, кои се важни за САД, вклучувајќи и за пристапот на Кина до пазарот на финансиски услуги, хиперпродукција на челик, трговијата со автомобили.

САД инсистира Кина да ги отвори пошироко пазари за американски компании. Според изворот од Белата куќа се одржала „отворена размена на мислења“, при што кинеската делегација призна за потребата од намалување на трговскиот дефицит на САД и дека треба да се работи за постигнување на оваа цел.

Двете делегации се сретнаа за време на годишниот состанок за инклузивен економски дијалог меѓу двете земји.

Американските министри за финансии Стивен Мнучин и на трговијата Вилбур Рос излегоа со кратка заедничка декларација по средбата во која се содржат малку детали за основаноста на разговорите, забележува уште „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП