
На 20ти Јули, со почеток од 09:00 часот, ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12 ќе започне со поставување на шатори, во Парк „Жена Борец“, спроти Собранието на Р. Македонија.


На 20ти Јули, со почеток од 09:00 часот, ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12 ќе започне со поставување на шатори, во Парк „Жена Борец“, спроти Собранието на Р. Македонија.
Ова е 4ти (четврти) камп на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12, односно 60 дена граѓански активизам во претходниот систем со претходната Влада и Собрание, и 60 дена граѓански активизам со сегашната Влада и сегашното Собрание.
Во изминатите 120 дена, беа остварени средби во Собранието и работни состаноци со ресорните Министерства, заедно со претставници на Народен правобранител и Хелсиншски комитет за човекови права, и се разговараше за проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби, вклучително и за барањата за измена на закони доставени од ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12.
Заклучоците се дека:
Сепак, времето одминува, а освен поддршката изразена со зборови на работните состаноци, конкретни резултати од ресорните министерства сеуште нема, односно процесот на интегрирање на граѓанскиот сектор во креирањето на политиките кои се однесуваат на лицата со посебни потреби, останува „нерешен“.
Затоа, кампувањето со шатори продолжува со следните барања:
ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12 ги повикува сите лица со попреченост, хендикеп или посебни потреби, заедно со нивните родители и семејства, да ја поддржат иницијативата и да учествуваат во процесот за изедначување на сопствените права.
Секој граѓанин може своеволно и доброволно да ја даде поддршката на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12 во покренување на локални и национални иницијативи во Собранието, со потпишување на ИЗЈАВА ЗА ПОДДРШКА.
Здруженија на граѓани и неформални групи на граѓани и родители на лица со посебни потреби, со минумим 100 потписници, можат рамнопрaвно да учествуваат и одлучуваат во Собранието на ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА 5ДО12, чии обврски и задачи се дефинирани во МЕМОРАНДУМ ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ И СОРАБОТКА.
За времетраење на кампот, во временски периоди од 12:00 до 15:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот, се предвидени состаноци и консултации во врска со Меморандум за вмрежување и соработка, помеѓу Здруженија на граѓани и неформални групи на граѓански активисти.