ЕКОНОМИЈА

Нередите во текот на самитот на Г20 во Хамбург ќе чинат 12 милијарди евра

Немирите за време на самитот на Групата 20 најразвиени индустриски земји (Г-20) во Хамбург може да ги чини осигурителните компании 12 милиони евра.

Ова е оценката на Здружението на германско осигурување.

Додека лидерите на најсилните економии во светот се состанаа на 7 и 8 јули, на улиците на Хамбург се организирааа антиглобалистички протести во текот на три дена и беа настанати големи немири и судири со полицијата.

Осигурителната асоцијација објави дека според првата процена на штетата покриена со осигурување изнесува 12 милиони евра. Една третина од оваа сума се состои од оштетени автомобили, а вклучува и штета на домовите и бизнисите.

Германската канцеларка Ангела Меркел по самитот вети дека ќе работи со градските власти за да им помогне на луѓето погодени од немирите.

Федералната и градските власти основаа фонд за помош на овие граѓани.