9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот пазар на уметност е втор по големина во светот

Британскиот пазар на уметност е втор по големина во светот

Велика Британија е вториот по големина пазар на уметност во светот, покажува новиот извештај на „British Art Market Federation“ (BAMF), кој има за цел да ја измери британската трговија со уметност и нејзиното влијание во позадина на поголемиот економски пејзаж.

Според него 21% од трансакциите поврзани со продажба на уметност, паѓаат токму на Велика Британија, пишува „The Art Newspaper“.

На прво место се наоѓа САД со 40% удел на пазарот, а Кина е трета со 20%.

Во индустријата во Велика Британија се директно вработени 41.700 лица, а 94.710 се поврзани со индустрии – од реставрација до логистика и информатичка технологија.

Вкупниот придонес на пазарот на уметност кон британската економија за 2016-та година е проценет на 1,46 милијарди фунти (1,64 милијарди евра). Според претседателот на „BAMF“, Ентони Браун овие податоци „сугерираат дека пазарот на уметност е нешто за што владата треба да се грижи“, особено при преминот кон „Brexit“.

„BAMF“, конзорциум, во кој влегуваат аукциските куќи „Christie’s“, „Sotheby’s“ и „Phillips“, како и други трговски организации, го објавија претходниот извештај во 2014-та година. Оттогаш досега британскиот пазар се намалил за 19% во однос на 17% пад за истиот период во глобални рамки.

Најмногу погодени се аукциите кои се намалиле за 30 отсто. Дилерската продажба, од своја страна, е постабилна и се зголемува со 3% на годишна основа, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП