3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБР доби нови возила, следи набавка на нови униформи

ЕБР доби нови возила, следи набавка на нови униформи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје присуствуваше на промоцијата на 15 комбиња кои се набавени за потребите на Единицата за брзо распоредување.

Според министерот, со новите возила ќе се зголеми ефикасноста на ЕБР, а со тоа и безбедноста на граѓаните.

„Со ова се зголемува ефикасноста на Единицата, а со тоа и безбедноста на граѓаните. Опремувањето на полицијата е наш врвен приоритет. Само со мотивирани и добро опремени полицајци ние можеме да имаме и безбедна држава. Предвидена е набавка и на друга опрема со цел да се зголеми опременоста на специјалните единици“, рече Спасовски.

Тој рече дека во тек е и постапката за набавка на униформи кои со години не се набавени, како и набавка на обувки за полицајците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП