20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиграцијата кон Швајцарија се намалува

Миграцијата кон Швајцарија се намалува

Миграцијата кон Швајцарија се намалува, особено од Европската унија (ЕУ), информира „The Local“, повикувајќи се на податоци од миграциската служба.

Во првата половина од 2017-та година балансот помеѓу оние кои пристигнуваат и заминуваат бил 25.526, речиси 12% помалку во однос на истиот период од минатата година, според објавениот извештај.

Со 6 отсто се намалуваат оние кои сакаат да живеат во Швајцарија. А оние кои ја напуштаат исто така се помалку: 35.411 ја напуштиле земјата во шесте месеци или за 2,3% помалку во однос полугодието од 2016-та година.

Кон јуни половина од странците биле од четири европски земји: Италија (15,6%), Германија (14,9%), Португалија (13,2%) и Франција (6,3%).

Вкупно бројот на Бугарите и Романците со право за постојан престој се зголемуваат од 19.000 на 23.000 лица.

68,5 од странците во Швајцарија се од ЕУ или од земјите во Европската асоцијација за слободна трговија. Сега миграцијата од овие земји се забавува. Билансот за шесте месеци покажува дека граѓаните на овие земји се со 21,5% помалку и тоа се најниски бројки од 2005-та година, според миграциската служба.

Додека се зголенува бројот на оние кои доаѓаат од Франција, Еритреја, Италија и Германија, а се намалува на оние кои пристигнуваат од Србија, Хрватска, Турција, Босна и Херцеговина и Португалија.

Експертите коментираат дека дел од мигрантите се враќаат во своите земји, а други се одбиваат да се преместат, заради подобрување на економската ситуација, вклучително и во Португалија и Шпанија.

Околу половина од странците, кои пристигнаа во Швајцарија од јануари до јуни 2017-та година, го направиле со цел работа, 30% се приклучиле на нивните семејства, малку над 7% дошле да учат, а 5,6% бараат азил.

Во Швајцарија живеат малку над 2 милиони странци – мигранти и родени во Швајцарија, но без швајцарско државјанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП