25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот автомобил на Џон Ленон на продажба

Првиот автомобил на Џон Ленон на продажба

dzon1

Првиот автомобил на Џон Ленон, Ferrari 330 GT купе од 1965 година ќе биде ставен на продажба во јули во Велика Британија и би можел да достигне цена од 260 илјади евра, објави аукциската куќа Бонамс.

Членот на Битлси го купи плавото Ferrari откако положи возачки испит на почетокот на 1965 година во времето кога групата од Ливерпул го објави синглот „Ticket to Ride“.

Ленон тогаш имал 24 години и го купил возилото за 6,5 илјади британски фунти, тој го возел само три години.

Ленон е убиен во Њујорк во 1980-та година на 40-годишна возраст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП